
Денеска стотици граѓани на Кочани, родители, роднини, пријатели на починатите и повредените лица во пожарот во дискотеката „Пулс“ повторно излегоа на протестен марш.
Со молк, тага и солзи во очите тие и по два месеци од трагедијата бараат одговори и одговорност, но и се жалат на игнорантскиот однос на институциите.
„Бараме одговорност од неодговорните“ „Дали законот е за сите ист“ „Не чекајте катастрофа, дејствувајте сега“ беа дел од пораките што ги испраќаа присутните.
Истрагата за пожарот се уште трае а од Јавното обвинителство информираа дека до сега се испрашани над 300 сведоци и најавија дека наскоро ќе биде поднесено и обвинение.