Skip to main content
Македонија

СВР Скопје со нови 98 полициски службеници ќе се грижи за безбедноста на граѓаните

28/02/2025  16:40

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во посета на СВР Скопје каде им врачи решенија на новите полициски службеници кои досега беа приправници и се распоредени во рамките на најголемиот сектор за внатрешни работи – Скопје.

„Деведесет и осум нови колешки и колеги ќе ја имаат честа да работата за безбедноста на своите граѓани во рамките на организациските единици кои ги покрива СВР Скопје. Им честитав уште еднаш на одлуката за избор на полициската професија, која е тешка, но пред се благородна мисија да работат за своите граѓани и безбедноста на својата татковина. Полициската професија не е само избор, не е само професија, туку повик, завет, кој секој еден млад полицаец го прифаќа со цел да ги чува своите блиски, своите граѓани, својата татковина безбедни и сигурни, што се предуслови за напредокот и благосостојбата на една држава, едно општество.”, потенцираше министерот Тошковски.

Министерот Тошковски со раководството на МВР изразија поддршка во обезбедување на добри услови за работа, постојани едукации, ср со цел на исполнување на врвниот приоритет за кој постоиме како институција а тоа е обезбедување на безбедноста на граѓаните.