
На 18 октомври 2025 година, арената „Борис Трајковски“ ќе блесне во полн сјај, претворајќи се во сцена на еден од најуспешните мјузикли во историјата – „Mamma Mia!“
Со повеќе од две децении триумф на Бродвеј, Вест Енд и на најпрестижните сцени ширум светот, „Mamma Mia“ претставува врвна комбинација на заразни мелодии, моќна енергија и топла, човечка приказна. Преку песните „Dancing Queen“, „Super Trouper“, „The Winner Takes It All“, „Gimme! Gimme! Gimme!“, „Mamma Mia“ оживува една забавна, емотивна и незаборавна авантура што ги освојува сите генерации.
Неговата тајна? Моќна, искрена и трогателна приказна за љубов, пријателство и откривање на сопствениот идентитет, која допира до срцето на секој гледач. Приказната го следи патувањето на една млада жена во потрага по својот идентитет и љубов, обвиена со хумор, романса и неочекувани пресврти. Ова е театар во кој музиката, кореографијата, сценографијата и емоцијата се спојуваат во единствено, моќно искуство.
150 уметници на сцена – хор, балет и жив оркестар. Спектакл со импресивна сценографија, магични светлосни ефекти, динамични проекции и раскошни костими што ја оживуваат приказната пред вашите очи.
Магијата на „Mamma Mia“ е во совршениот спој на длабоко човечка приказна и безвременските хитови на ABBA, песни кои повеќе од половина век ја движат публиката на сите континенти. Тоа се химни на генерациите кои ќе ги чуете во ново, театарско руво, изведени со раскошна енергија и емоција што само живата сцена може да ја понуди.
На 18 октомври, Скопје ќе биде дел од светската мапа на градови што ја живееле оваа приказна.
Картите за овој настан се веќе пуштени во продажба и истите имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2, ЈК Травел во Бисер и ЈК травел Дајмонд.
Картите онлајн можете да ги купите со клик ТУКА.