Skip to main content
Македонија

Сведоштво на мајка во „Ноќно студио“: Без никакво решение од Центар за социјални работи разведениот сопруг го зема детето

05/03/2026  20:58

Во „Ноќно студио“ на 4TV самохрана разведена мајка сведочеше за голготата што ја минува низ институциите по разводот од сопругот и одгледување на малолетното дете. 

Таа тврди дека Меѓуопштинскиот центар за социјални работи (МЦСР) од почетокот на процесот постојано бил на страната на таткото, додека таа како мајка се чувствувала како е да оставена сама без никаква заштита. 

„МЦСР уште од самиот почеток заедно со насилникот, сакаа по секоја цена да ми го одземат моето дете, а системот побрзо реагираше да ме казнат мене отколку тој насилник. Тие тврдат дека јас имам добиено Решение за видување на насилникот со малолетното дете, но јас ниту сум добила, ниту сум примила никакво решение од МЦСР. Се чудам како во оваа држава една мајка може кривично да одговара кривично за непочитување на решението која ниту го добила, ниту пак била прашана за ставот за таа нивна одлука“ рече жртвата на семејно насилство. 

Таа изрази разочараност од институциите кои според неа не ги штитат жртвите и самохраните мајки, туку се наклонети кон поединци со моќ, пари и влијание.