Skip to main content
Скопје, Хроника

Сведоци на Бит пазар: „Дојдоа и се пукаа меѓу себе, полно деца имаше долу, си играа“

25/04/2025  15:01

Попладнево имаше пукање на Бит пазар, односно во дворот од полициската станица. На терен во моментов се присутни засилени полициски сили, како и Брза помош.

Според првичните информации има една жртва, а повредена е и една жена, случаен минувач.

„Двајца пукаа еден кон друг! Полно деца имаше долу, си играа“, изјавиле жители на маалото.

„Од друго место дојдоа, и пукаа пред куќите“, додал друг сведок.