Skip to main content
Македонија

Свечен концерт во чест на Гоце Делчев ги обединува Македонија и Бугарија

27/01/2025  23:12

По повод 153-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, денес, на 4 февруари, во Воената академија „Г.С. Раковски“ во Софија ќе се одржи свечен концерт со класична музика и поезија.

Настанот е организиран од Меѓународната фондација за соработка и културен натпревар „Гоце Делчев“ од Бугарија, под покровителство на бугарскиот претседател Румен Радев.

На концертот ќе настапат истакнати уметници од Македонија, Бугарија и Германија:
• Илина Митревска (сопран, Македонија)
• Нели Динева (сопран, Бугарија)
• Валентина Божиновска (поезија, Македонија)
• Елисавета Шапкарева (поезија, Бугарија)
• Љупка Биаџони-Гутенберг (диригентка, Германија)
• Софискиот симфониски оркестар

На настанот се поканети членови на националните собранија на Македонија и Бугарија, како и претставници на владите на двете земји, со цел да се одбележи значењето на Гоце Делчев за македонската и бугарската историја.