Skip to main content
Македонија

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

09/11/2025  08:43

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка за донации од близу 11 милиони денари.

Во објавената видео информација на фејсбук профилот на Граѓанската иницијатива се вели дека од вкупната сума од 10. 944.793 денари еден милион се за данок на државата, а останатите се еднакво распределени на 137 лица во износ од по 71 900 денари.

-Почитувани, транспарентно ја споделуваме информацијата за втората распределбата на средствата од заедничката сметка за донации преку SupportKocani, кои беа собрани по трагедијата што нè погоди, стои во објавата на „Супорт Кочани“ на социјалните мрежи.

Средствата потекнуваат од компании здруженија, групни акции и хуманитарни настани организирани во земјата и во странство.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ што се случи на 16 март оваа година загинаа 63 лица, а над двесте беа повредени.