![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2025/02/sela.jpg)
Основниот суд во Тетово одлучи претседател на Алијансата за Албанците да биде Зиадин Села.
„ВО судски регистер на Политички партии под РПП.бр.1/24 што се води пред Основен суд во Тетово се запишува: Промена на Претседателот, во иднина за Претседател на партијата се именува Зијадин Села ул. Ливада бр. 1 од Струга, наместо на досегашниот претседател на партијата Арбен Таравари од Гостивар ул. Борче Јованоски бр. 66“, се вели во одлуката.
Според оваа одлука, печатите на партијата се пренесуваат на Зиадин Села.
„Па судот од овие причини го прифати предлогот за разрешување на Претседателот на партијата Арбен Таравари од Гостивар“, се додава во одлуката.
Таравари има право на жалба на одлуката до Апелациониот суд во рок од 15 дена.