
Во саботата вечерта, на 5 јули околу 20:35 часот, на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила – „Мерцедес“, управуван од 24-годишниот С.Ј. од Република Турција со престој во Скопје, и „Тојота“, управувана од Ј.П. (46) од Скопје.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, возачката на „Тојота“ се здобила со тешки телесни повреди, кои ѝ биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на несреќата бил извршен увид од екипа на СВР Скопје, а се работи на утврдување на причините и одговорноста за судирот.