
Во Основниот суд во Тетово, денеска беше изречена пресуда која предизвика револт кај јавноста – за случај на прегазување на девојка, судијата Ељведин Ферати изрече казна од само две години затвор. Случајот веднаш предизвика бројни реакции, особено поради фактот дека станува збор за сообраќајна несреќа со трагични последици.
Дополнителни сомнежи во интегритетот на судијата се појавија откако јавноста потсети дека Ферати додека бил дел од Универзитетот во Тетово, наводно си ги поправал оцените со пречкртување – постапка која остава простор за сериозни прашања за неговата професионалност и кредибилитет, објави 4News.
Минатата година во септември беше отворена и предистрага откако Државниот просветен инспекторат утврди дека си ги поправил оценките по право на Тетовскиот државен универзитет, со пречкртување. Предистрагата ја води Скопското јавно обвинителство.
„ОЈО Скопје постапува по доставено известување од Државниот просветен инспекторат и презема дејствија во предистражна постапка со цел да ги испита сите околности“, рече тогаш Обвинителството.
Случајот го откри Антикорупциската комисија лани во декември, во рамки на големата ревизија со која се пребројуваа факултети и дипломирани студенти на кои им биле давани дипломи со недоволен број кредити.
Целиот текст на 4News со клик ТУКА.