Skip to main content
Хроника

Судар на автомобил и трактор, едно лице е тешко повредено

08/09/2025  14:52

На 07.09.2025 во 19:30 часот во СВР Штип е пријавено дека на регионалниот пат Штип– Плачковица, во атар на с.Карбинци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „имт 539″ со приколка, без регистарски ознаки, управуван од Ј.М.(59) од с. Кучица, општина Карбинци и патничко возило „мерцедес” со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(73) од с. Аргулица, општина Карбинци.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ј.М., а со телесни повреди се здобил Б.М., констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.