
Фотографија направена на местото на несреќата покажува дека сообраќајот е целосно блокиран, а на терен интервенираат екипи на Итната помош и Пожарната.
Тешка сообраќајка во која учествувале четири автомобили и четири мотоцикли се случи попладнево на патниот правец од Мавровска раскрсница кон Гостивар, веднаш по каменоломите.
„До сега се пријавени пет повредени лица. Сообраќајот на овој магистрален пат е во прекин, а од страна на полициски службеници од ОВР Гостивар сообраќајот се пренасочува по споредни локални патишта (Прогрес каменолом и Панорама кај Вруток)“, стои во официјалното известување од МВР.
Возачите се пренасочуваат по локални патишта, но поради непристапноста тие не се препорачуваат за ниски возила, поради што се создаваат дополнителни застои.