
Армијата на Судан синоќа ја ослободи Претседателската палата во Картум, што беше под контрола на паравоените Сили за брза поддршка (РСФ), јави денеска суданската телевизија.
Судирите помеѓу армијата и РСФ почнаа доцна синоќа, при што војската од воздух го нападна централниот дел на Картум.
По речиси две години војна, РСФ го контролира поголемиот дел од западен Судан и делови од главниот град Картум, но претрпе порази од армијата во централен Судан.
Двете воени фракции, армијата и РСФ, извршија државен удар во 2021 година, соборувајќи го цивилното владеење, а војната избувна во април 2023 година, откако плановите за нова транзиција предизвикаа насилен конфликт.
Војната во Судан предизвика најголемата хуманитарна криза во светот, а РСФ и армијата се обвинети за масовно кршење на човековите права.
Од почетокот на конфликтот загинаа илјадници луѓе, а речиси 10 милиони лица ги напуштиле своите домови.