Skip to main content
Свет

Суданската армија ја зазеде претседателската палата по две години брутална војна

21/03/2025  11:55

Суданската армија повторно ја зазеде претседателската палата во Картум, соопштија воени офицери. Палатата била контролирана две години од паравоените сили за брза поддршка (РСФ) две години.

На видеото и фотографиите објавени на социјалните мрежи се гледа како војници мавтаат со оружјето, навиваат и се молат на колена.

Се чини дека армијата е подготвена да ја врати контролата врз главниот град две години по соборувањето од нејзините паравоени ривали, познати како РСФ.

Паравоената група сѐ уште не коментирала.

Набил Абдала, воен портпарол, на државната телевизија изјави дека армијата ја презела контролата врз зградата на палатата и министерството во центарот на Картум, јавува Би-би-си.

„Нашите сили целосно ги уништија непријателските борци и опремата и запленија големи количества опрема и оружје“, додаде Абдала.

Потврдуваме дека ќе продолжиме да се бориме до целосна победа“, рече тој.