
Студентите кои се во блокада во Србија најавија акција што ќе се одржи утре под мотото „Распиши победа!“, со која ќе се собираат потписи за поддршка на иницијативата за распишување предвремени парламентарни избори.
Граѓаните ќе имаат можност да ја изразат својата поддршка на повеќе од сто различни локации низ државата. Организаторите информираат дека листата на пунктови редовно се ажурира и е достапна на интернет-страницата studenti.org.rs.
Според последните информации, потписи ќе се собираат на 108 локации, преку вкупно 476 штандови поставени низ Србија. Од студентската организација посочуваат дека целта на акцијата е да се добие јасна слика за бројот на граѓани кои се залагаат за одржување предвремени избори.

