Skip to main content
Балкан

Студентите во Србија најавија нов протест во јануари

07/01/2026  15:13

Студентите од Нови Сад најавија протест во Нови Сад за 17 јануари.

Тие објавија видео на социјалните мрежи под слоганот „Што значи победа?“, студентите велат: „На 17 јануари, се гледаме во Нови Сад“.

„Не се раздвоивме туку изградивме единство. Преку труд и работа, стекнавме доверба, а енергијата што се акумулираше во текот на 2025 година сега добива нова форма. Она што следи е конкретизација на нашата борба“, наведоа студентите во видео објавено на Инстаграм страницата на „Студентската комора“, што е официјална страница на студентите во блокада на Правниот факултет во Нови Сад.

Претходно, на 28 декември, студентите низ цела Србија собраа околу 400.000 потписи за поддршка за распишување вонредни парламентарни избори, што е нивното главно барање во протестите по 1 ноември 2024 година и падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад, во која загинаа 16 лица, а едно беше тешко повредено. Студентите им порачаа на граѓаните дека претходната година, колку и да била тешка, била и посебна благодарност за секој од нив и исполнета со моменти на солидарност, храброст и човечност.