Skip to main content
Uncategorized

Студентите во блокада во Србија најавија голем протест на 28 декември

02/12/2025  16:51

Студентите во блокада најавија протести низ цела Србија за 28 декември. 

„Време е да се вклучиме и да се поврземе, бидејќи само заедно можеме да прогласиме победа. На 28 декември ќе се видиме низ цела Србија“, наведоа студентите во соопштението на Инстаграм.

Засега е познат само датумот – 28 декември, но не и каде и какви собири ќе бидат организирани.