Skip to main content
Хроника

Стружанец нападнал полицаец откако го затекнале при незаконит риболов на Црн Дрим

12/11/2025  18:38

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Б.Б.(44) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење на службени работи од областа на безбедноста”.

На 27.10.2025, полициски службеници го затекнале пријавениот со повеќе лица при незаконит риболов на Црн Дрим, при што тој физички нападнал еден полициски службеник.