Skip to main content
Македонија

Струмица погодена од невреме, дрво падна врз автомобил

11/05/2025  22:26

Територијалната противпожарна единица Струмица вечерва, на 11 мај 2025 година, интервенираше на улицата „Ванчо Китанов“ по пријава за паднато дрво врз паркиран автомобил.

Интервенцијата започнала околу 20:00 часот, при што на терен излегло едно противпожарно возило со двајца пожарникари-спасители. За кратко време дрвото било успешно отстрането од улицата, со што е овозможено безбедно движење во овој дел на градот.

Од ТППЕ Струмица преку својот Фејсбук профил информираат дека ваквите активности се дел од нивните редовни задолженија при незгоди, пожари и елементарни непогоди.