Skip to main content
Македонија

Струмичани се простија од младиот музичар Ѓоко Ѓоргиев

20/03/2025  16:52

Денеска на гробиштата во Струмица е погребан младиот музичар Ѓоко Ѓоргиев (25), тапанар на групата ДНК, кој загина во пожарот во дискотеката во Кочани.

Колегите од ОМУ „Боро Џони“, каде работеше Ѓоргиев, денеска на комеморативна седница со аплауз и песна се простија од него, а за младиот музичар говореше директорката на музичкото училиште Клара Патарова.

-Надвор од ова просторија има уште стотици, илјадници луѓе со истото чувство, дека загубиле дел од себе, некој свој оти кој тебе не те сакаше златно дете. Како и досега ти умееш да ги сплотиш луѓето и токму со твојата се присутна енергија што ја ширеше, сега црпиме сила да го прифатиме она што не може да се промени, истакна Патарова.

На комеморацијата присуствуваа членовите на неговото потесно семејство, колеги музичари и голем број граѓани