
Како што денеска информира Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен, 28-годишниот Д.Р. е приведен вчера во 15 часот по добиена пријава дека се обидел да изврши обљуба.
На 06.09.2025 во 15:00 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.Р.(28), по добиена пријава дека се обидел да изврши обљуба врз малолетничка, со која биле во роднинска врска.
По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.