
Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата, по доставено барање од ЕВН Хоум.
Како што информира претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски, на денешната прес-конференција, цената на електричната енергија ќе се зголеми по блокови:
- прв блок за 2,45%,
- втор блок за 2,87%,
- трет блок за 3,33%,
- четврти блок за 3,84%.
За евтината тарифа, РКЕ одлучи зголемување од 2,50%.
Бислимовски појасни дека ЕВН Хоум побарал значително повисоко поскапување, од околу 8 до 9 проценти, но Комисијата ја утврдила цената што, како што рече, е прифатлива и оправдана.
Тој нагласи дека доколку би се укинал надоместокот од 200 денари за мрежарина, цената на струјата би пораснала на 2,6 денари, што би довело до далеку поголемо зголемување на блоковите, вклучително и поскaпување од 13% за евтината тарифа. Според РКЕ, во моментов нема потреба од укинување на овој надоместок.
За домаќинствата, ова значи дека:
- сметката за потрошувачка само во првиот блок ќе се зголеми за околу 57 денари,
- за првиот и вториот блок за околу 70 денари,
- додека за потрошувачка во првиот, вториот и третиот блок, месечната сметка ќе порасне за околу 370 денари, што ќе ги погоди приближно 14.000 домаќинства.

