Skip to main content
Живот

Стрелките на часовникот кон зимското сметање на времето годинава ќе ги поместиме порано

26/09/2025  17:21

Поместувањето на стрелките на часовникот или зимското сметање на времето, во 2025 година ќе започне ноќта помеѓу саботата и неделата, на 25 и 26 октомври, кога во 3 часот наутро ќе ги вратиме часовниците за еден час назад, односно на 2 часот.

Специфичноста е што оваа промена е најрана во споредба со претходните години, а на 26 октомври часовниците последен пат се сменија пред 11 години.

Зошто е тоа така?

Зимското сметање на времето е фиксно и започнува последната недела во октомври, датумите се менуваат бидејќи последната недела во октомври не паѓа на ист ден секоја година.

Минатата година беше 27 октомври 2023 година, 29 октомври… Бидејќи последниот викенд во октомври оваа година „паѓа“ во ноќта помеѓу 25 и 26 октомври, затоа ги поместуваме часовниците порано оваа година!