Изминатата ноќ во НБА лигата ја одбележа страшна повреда на кошаркарот на Детроит Пистонс, Џејден Ајви.
Детроит на домашен терен го совлада Орландо со 105:96, но сите на теренот и на трибините останаа во шок поради повредата на младиот играч на Пистонс, Џејден Ајви.
Ајви се повреди во борба за топка со Кол Ентони, потоа играчот на Орландо падна врз ногата на бекот на Детроит. Навивачите го скандираа неговото име за да ја покажат својата поддршка.
Играчите од двата тима беа во шок додека Ентони остана во солзи.
Во 29 натпревари оваа сезона, Ајви имаше просек од 17,4 поени и 4,2 скока. 22-годишниот кошаркар беше избран како петти пик на драфтот во 2022 година.
Jaden Ivey left game in stretcher after apparent leg injury. Hope he's ok 🙏 pic.twitter.com/tBiVOScskm
— Bleacher Report (@BleacherReport) January 2, 2025