
Македонската фудбалска репрезентација утре ќе му гостува на Казахстан во својот четврти натпревар во квалификациите за Светското првенство 2026. „Црвено-жолтите“ на мечот во Астана ќе бидат предводени од Роберт Стојановски, бидејќи селекторот Благоја Милевски одработува суспензија од два жолти картона.

Натпреварот ќе се игра на терен со вештачка трева.
– Без разлика дали ќе играме на природна или вештачка трева, нашите фудбалери се професионалци и подготвени на секакви услови. Казахстан има квалитетна репрезентација, но ние одиме на победа, истакна Стојановски.
Македонија пред утрешниот меч со Казахстан има пет бода од три натпревара и е без пораз во Ј-групата.
Казахстан има една победа и еден пораз по два одиграни натпревара.
Почетокот на натпреварот е во 16 часот по македонско време.