
Актуелниот градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски најави дека ќе се кандидира за нов мандат.
На денешниот брифинг појадок со новинари Јакимовски рече дека долго размислувал за тоа дали да се кандидира а на крајот донел таква одлука од неколку причини.
Според него до сега не се појавила доволно силна понуда, а другата причина е што според него во Советот тешко дека некој ќе може да постигне мнозинство, па оттаму потребно е да дојде искусен градиночалник.
Како први приоритети во новиот мандат, Јакимовски порача дека ќе му биде решавање на проблемот со паркирањето како и зауздување на надградбите на индивидуалните куќи во мали колективни станбени објекти.