Skip to main content
Македонија

Стефан Лазаров за скандалозниот предлог данок на Мицкоски: Со вакви услови за живот само ќе ги натерате младите кои не се во брак побрзо да си заминат од Македонија

04/07/2025  19:42

Не стивнуваат реакциите по изјавата на премиерот Мицкоски дека се размислува за воведување на данок кој би го платиле немажените и неженетите лица во Македонија со цел подигнување на наталитетот и бројот на склучени бракови во земјава.

Младиот јутјубер Стефан Лазаров се обрати на социјалните мрежи по тој повод и порача дека иако смета дека семејството е благослов не се согласува со таквата мерка и смета дека во овие услови за живеење таа само ќе придонесе младите кои не се во брак побрзо да ја напуштат државава.

“Ако не си во брак поголем данок… Супер би била меркава како промоција на семејните вредности, но со вакви услови за живеење единствено што се постигнува е притисок врз младите и луѓето кои не се во брак да си заминат побрзо од оваа држава. Лично сметам дека семејството е благослов од Бог, некој поради свои причини едноставно не може да го има и никој не смее да го присили на тоа.

Исто така документот дека си во брак не значи дека живееш среќен живот со партнерот. Познавам многу луѓе кои не се во брак, а се сакаат многу па имаат и дечиња. Не знам, не гледам позитивна работа од ова”, напиша Стефан Лазаро на социјалните мрежи по изјавата на премиерот Мицкоски.