Skip to main content
Спорт

Стартува плејоф фазата во Лигата на Шампиони

17/02/2026  12:03

Со четири натпревари вечерва започнува плејофот фазата за пласман во осминафиналето во фудбалската Лига на шампиони.

Во воведниот натпревар од шеснаесетфиналните пресметки, Галатасарај го пречекува Јувентус во терминот од 18; часот, додека во терминот од 21 часот ќе играат Бенфика – Реал Мадрид, Борусија Дортмунд – Аталанта и Монако – ПСЖ.

В среда на програмата се првите натпревари од дуелите меѓу Карабах – Њукасл, Бодо Глимт – Интер, Клуб Бриж – Атлетико Мадрид и Олимпијакос – Баер Леверкузен.

Директно место во осминафиналето по комплетирањето на лигашката фаза обезбедија Арсенал, Баерн, Минхен, Ливерпул, Тотенхем, Барселона, Челзи, Спортинг и Манчестер Сити.