Skip to main content
Забава

Старински рецепт за кох: Колачот кој го обожувале луѓето во поранешна Југославија

30/03/2025  19:28

Кох е старински деликатес, кој се прави од евтини намирници. Југословенските домаќинки често го подготвувале бидејќи веќе ги имале сите потребни состојки во фрижидерот.

Некогаш бил популарен исто и како палачинките, но во денешно време луѓето сѐ помалку го подготвуваат. Ако сè уште не сте го пробале, тогаш задолжително направете кох натопен во млеко и дознајте зошто цела Југославија го обожувала овој едноставен колач.
Состојки:

• 7 јајца;

• 7 лажици брашно;

• 7 лажици гриз;

• 7 лажици шеќер;

• 1 ќесичка ванилин шеќер;

• прстофат сол;

• околу 1 л млеко.

Подготовка:

Одделете ги белките и жолчките. Изматете ги пенесто жолчката со шеќерот и ванилиниот шеќер, па додадете гриз и просеано брашно. Соединете со миксер. Изматете ги белките со прстофат сол додека не се стегнат, па полека додавајте во жолчките и соединете со жица за матење.

Сипете во плех и печете на 180 степени додека не порумени. Извадете го и прелијте го со млеко врелиот кох. Изладете го на собна температура и за млекото убаво да се впие.

Напомена: Немојте веднаш да го сипате целиот литар млеко, туку половина, па кога ќе се впие, видете дали треба да се додава. Колачот треба малку да плива во млекото.