Skip to main content
Uncategorized

Старица од Скопје ја натепала нејзината сестра, па ја нападнала со остар предмет

18/10/2025  14:57

Старица од Скопје физички и со остар предмет ја нападнала сопствената сестра во домот.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (17.10.2025) во 21:40 часот во Скопје, на подрачје на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 63-годишна жена од Скопје, по претходна пријава дека околу 19:30 часот во домот физички и со остар предмет ја нападнала нејзината 59-годишна сестра.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.