Skip to main content
Македонија

Становите што државата ги гради во Битола ќе се продаваат по 1000 евра за квадрат

21/01/2025  13:43

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук пробил објави дека донесена е одлука за намалување на цената за продажба на станбениот и деловниот простор во Битола во објектите што ги гради ЈП за станбен и деловен простор од значење за Републиката.

„65 стана ќе се продаваат по 1000 евра за метар квадратен, 11 дуќани по 2000 евра за метар квадратен и 71 паркинг место по 500 евра за метар квадратен

Со ова вршиме интервенција во пазарот за недвижности во Битола и запирање на лудилото на зголемувањето на цени на станови! Очекувам исти или слични активности и во други општини во периодот што следи” напиша Николоски.