Skip to main content
Скопје

Стабилизирана е состојбата со приватните превозници

24/02/2026  16:41

Стабилизирана е состојбата со приватните превозници и проблемите кои се појавиле во изминатиот период се решени.

Застојот на дел од автобуските линии бил предизвикан од технички проблеми со АВЛ опремата, односно ГПС валидаторите во автобусите, поради што одреден број возила не можеа навремено да бидат ставени во функција. Овој проблем е целосно решен и скопјани повторно ќе можат безбедно, редовно и навремено да го користат јавниот превоз.

-Во однос на комуникацијата и соработката меѓу приватните превозници, ЈСП – Скопје и Градот Скопје, особено во финансискиот сегмент, сакаме да потенцираме дека состојбата е значително подобрена во споредба со пред неколку месеци. Само во изминатите три месеци, исплатени се вкупно 72 милиони денари, а од март месец се продолжува со континуирана и редовна исплата, се вели во заедничкото соопштение од Јофи Бус, Вестор Транс, Радос Компани.

Тие велат оти остануваат посветени на стабилен, функционален и сигурен јавен превоз и секојдневно работи на решавање на сите предизвици со кои се соочува системот.

Им се извинуваат на граѓаните на Скопје за непријатностите и ограничувањата кои настанале поради технички причини и им изразуваат благодарностз за трпението и разбирањето.