
Синдикалците утре во 12 часот ќе ја блокираат раскрсницата пред Стопанската комора, Организацијата на работодавачи и Бизнис-конфедерацијата, во знак на револт поради игнорирањето на работничките барања.
Барањата на ССМ остануват исти, итно зголемување на минималната плата на 600 евра и линеарно зголемување на сите останати плати за 6.000 денари.
„Пред Стопанската комора ќе блокираме газди кои ги блокираат работниците 36 години, газди кои одбија да ги зголемат платите, а кукаат дека квалификуваните работници им заминуваат. Нема да дозволиме работниците да мрзнат на улица за газдите, пратениците и Владата да ги блокираат нивните права“, порача Трендафилов.
Блокадата ќе биде спроведена со законскиот минимум од 21 претставник, но Трендафилов најави дека ова е само вовед во масовен работнички протест со организиран превоз од сите градови низ државата.

