Skip to main content
Македонија

ССМ најави масовен протест на 28 јануари

22/01/2026  21:40

ССМ најави протест на 28 – јануари со почеток во 17:00 пред зградата на ССМ. Причината е одбивањето на Владата и работодавачите да ги зголемат платите во услови на растечки животни трошоци.Синдикалното раководство бара минимална плата од 600 евра и зголемување на сите останати плати за 6.000 денари,.Велат дека нема да се отстапи од овие позиции и дека ова е само прв чекор ако институциите продолжат да „купуваат време“.

Маршрутата на протестот ќе биде од ССМ кон Собранието, потоа пред Стопанската комора и завршница пред Владата. Со тоа, ССМ ја става одговорноста на три адреси што во пракса ја кројат платната реалност – законодавната власт, организираниот бизнис и извршната власт. Пораката е јасна: платите не се само „пазарна категорија“, туку политичко-економски договор што во последниве години се турка на грбот на работниците.