Skip to main content
Економија

ССМ: Минималните месечни трошоци во ноември 65.173 денари

20/11/2025  13:02

Минималните трошоци на едно семејство во ноември изнесуваат 65.173 денари, а со изнајмен стан од 60 квадрати изнесува 80.548 денари.

Податоците на Сојузот на синдикати кој ја изработува синдикалната минимална кошница покажуваат дека за храна и пијалоци се потребни 23.534 денари, а за режиски трошоци 6.130 денари. 

Во споредба со октомври кога за минимални месчени трошоци биле потребни 65.544 денари има намалување од 371 денар.