Skip to main content
Економија

ССКМ : Потпишувањето на договорот за соработка е порака која бизнис секторот ја препознава

20/11/2025  14:22

Во рамките на осмиот регионален бизнис форум во организација на Стопанската комора на Војводина кој се одржува во Нови Сад, се потпиша договор за соработка помеѓу Сојузот на стопански комори на Македонија и Стопанската комора на Војводина.  

Претседателите Горан Ѓорѓиевски и Горан Гак ставија потис за соработка за размена на информации значајни за развој на бизнисот,унапредување на човечките ресурси и заедничко делување, заедничко преставување и застапување пред други организации и бизнис заедници, заедничка организација на настани и преставување на трети пазари, пренос на знаење и споделување на добри практики.

,,Овој тип на иницијативи и спогодби е јасна порака на бизнис секторот во регионот дека мора да соработува за да остане конкурентен во овие нестабилни економски времиња. Фокусот на дигитализацијата, човечките ресурси и продуктивноста во следните години како регион не приближува кон саканата цел,односно Европската Унија” – истакна Ѓорѓиевски

Во текот на денешниот ден тимот на Сојузот на стопански комори продолжува фокусирано со билатерални средби кои ќе овозможат подобро вмрежување на македонските компании со нови можности за соработка со регионалните партнери.