Skip to main content
Економија

ССКМ ја поздравува одлуката за задржување на 5% ДДВ за прва продажба на станови

12/12/2025  15:43

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) ја поздрави одлуката на Владата да го задржи ДДВ од 5% за првата продажба на новоизградени станови, оценувајќи дека мерката е резултат на успешна соработка меѓу градежниот сектор, Министерството за финансии и Владата.

Од ССКМ велат дека продолжувањето на повластената стапка е оправдано и најмногу ќе им користи на купувачите, бидејќи ја прави куповината на стан попристапна. Ивица Јаќимовски од Управниот одбор на ССКМ посочува дека задржувањето на 5% ДДВ од 2026 година ќе донесе нов импулс за пазарот на недвижности, стимулирајќи го домувањето, градежната активност и стабилноста на секторот.

Намалениот данок ги снижува вкупните трошоци за купување стан и може да ја зголеми побарувачката. Од ССКМ додаваат дека поволниот даночен амбиент може да привлече и домашни и странски инвеститори, со што ќе се поттикне економски раст.