Skip to main content
Економија

ССКМ демантира дека Претседателот Ангеловски демантира дека е разрешен, обвинува за фалсификат

09/07/2025  21:21

Сојузот на стопански комори на Македонија остро ја осудува злоупотребата на службената положба и фалсификувањето на службена документација од страна на извршниот директор Сузана Јаневска, која на 07.07.2025 година е суспендирана од функцијата и нема никакви овластувања да ја претставува институцијата.

На 09.07.2025 година, Сузана Јаневска, користејќи приватна Yahoo адреса (suzana.janevska77@yahoo.com), испратила лажно соопштение до медиумите во кое тврди дека е одржано вонредно Собрание на ССКМ. Истакнуваме дека:
• Тоа не е официјална комуникација на ССКМ и е правно ништовна.
• Собрание на 09.07.2025 не било закажано, ниту одржано по деловнички или статутарни процедури.
• Фалсификуваната покана и обидот за лажно собрание се резултат на грубо прекршување на член 4.2.8 од Договорот за основање на ССКМ.
• Постапката претставува класичен пример на институционална измама и дејствување без мандат.

Заедно со Јаневска, во координирана активност биле вклучени и четири правни субјекти поврзани преку семејни и деловни врски кои се исклучени од членство со Одлука бр. 0302-1-11/25 од 01.07.2025 година, поради сериозно нарушување на угледот и функционалноста на институцијата.

Согласно член 4.5.4 од Договорот за основање, Претседателот на ССКМ, г. Трајан Ангелоски, донесе формална Наредба за итна суспензија на Сузана Јаневска, со која ѝ се забранува пристап до службените простории, контакт со членството и користење на било какви ресурси во име на ССКМ. Исто така, таа е задолжена веднаш да ги врати сите доверени средства во сопственост на Сојузот.

Во интерес на правната сигурност, заштита на членките и зачувување на интегритетот на институцијата, целокупниот случај е пријавен во Министерството за внатрешни работи. Очекуваме соодветни институционални реакции за сите инволвирани во обидот за институционален удар и фалсификат.

Апелираме до сите медиуми и јавноста да не прифаќаат никаква комуникација или соопштенија испратени од приватни адреси кои не се дел од официјалната структура на ССКМ. Сите валидни информации ќе бидат доставени исклучиво преку официјалниот е-маил info@chamber.mk и преку легитимните канали на Сојузот.

Ниту поединци, ниту групи нема да бидат дозволени да го узурпираат легитимитетот на институцијата изградена врз доверба, транспарентност и работа во интерес на бизнис заедницата.

Со почит,
Трајан Ангелоски
Претседател
Сојуз на стопански комори на Македонија