Skip to main content
Балкан

Српските студенти во блокада повикаа на голем собир на 1 ноември во Нови Сад

01/10/2025  21:49

Српските студенти во блокада ги повикаа граѓаните во државата да бидат на собир во Нови Сад на 1 ноември, на годишнина од падот на бетонската настрешница на железничката станица во тој град.

„Следниот месец се навршува една година од падот на бетонската настрешница. Ние, студентите, ве повикуваме да одржите помен низ цела Србија, но и да бидете со нас во Нови Сад, централното место на таа трагедија и солидарност со нашите колеги од Универзитетот во Нови Сад, како и со семејствата кои ги загубија децата, роднините, пријателите“, наведе  студент, пренесоа српски медиуми.

Истиот повик беше испратен и од Нови Сад.
Голема колона луѓе од Нови Сад денеска пристигна на железничката станица како дел од комеморативната прошетка.