
Омбудсманот на Србија, Зоран Пашалиќ денеска изјави дека таа институција завршила предлог закон со кој ќе се забрани употребата на мобилни телефони во основните и средните училишта.
– Пред да го објавиме тој закон, им дозволуваме на младите луѓе, на оние за кои е наменет, да го коментираат. Кога ќе ги дадат своите забелешки и кога ќе ги внесеме тие забелешки во законот, ќе го објавиме, рече Пашалиќ.
Во изјава за медиумите, тој додаде дека за десет дена ќе се одржи состанок со Панелот на млади советници, од каде се очекуваат коментари и забелешки на законскиот предлог.

