
Фудбалската репрезентација на Србија во моментов во Белград го игра реваншот од плејофот од Лигата на нации против Австрија, со која се бори за место во елитната А дивизија на ова натпреварување.
На социјалните мрежи актуелно е видеото со коментаторот на РТС, Александар Стојановиќ, кој не можеше да ги запре солзите пред почетокот на мечот, кога фудбалерите на двата тима со минута молчење им оддадоа почит на жртвите во големата трагедија која и се случи на Македонија во Кочани, како и во знак на почит фудбалерите Андрија Делибашиќ и Радиша Илиќ, на Душан Маравиќ и Вукашин Црнчевиќ, 16-та жртва од уривањето на настрешницата во Нови Сад.
Овој момент медиумите во Србија го опишуваат како еден од најтрогателните и најтажните во историјата на нивната национална телевизија.
Извор: Спортс спорт