
Српската полиција ја пронајде жената која денеска во блок 70 со возило „цитроен“ удри во 26-годишна девојка, јавува Н1 Србија. Според нив, повредената студентка е пренесена во Итната помош.
Како што дознава Н1 Србија, зад воланот била 26-годишната Милица Стојановиќ. На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа дека нејзиното возило било во мирување, но и покрај групата студенти кои биле пред неа, таа забрзала и ја удирла студентката.