Skip to main content
Магазин

Среќен роденден, Панчо!

29/07/2025  22:56

Музичарот и продуцент Владимир Блажев – Панчо, кој беше дел од популарното дуо ДНК, денеска го прославува својот 46-ти роденден. Роден на 29 јули 1979 година во Скопје, Панчо веќе неколку месеци е на болничко лекување по тешката сообраќајна несреќа што се случи на 16 март во Кочани.

И покрај тешките моменти, денот не помина без емоции и поддршка. Социјалните мрежи се со роденденски честитки, молитви и пораки за брзо оздравување. Пријатели, колеги и обожаватели му посакаа да се врати во својата препознатлива форма – полн со живот, насмевка и енергија.

Судбината можеби му го промени животот, но љубовта и надежта што секојдневно му се испраќаат остануваат силна поддршка за неговото закрепнување.

Среќен роденден Панчо!