
Ноќеска во 01:48 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Јуриј Гагарин“ во Скопје настанал пожар при што биле зафатени три куќи и помошна просторија во сопственост на М.Б.(73), И.С.(41) и М.А.(53), сите од Скопје.
Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
Увид ќе биде извршен од страна на увидна екипа од СВР Скопје.