Skip to main content
Хроника

Среде концерт во Скопје паднала вентилациска решетка од таванот, повредена е една жена

21/11/2025  13:07

Скопјанка од концерт завршила во болница. Врз неа паднала решетка од вентилација од таван во Културно информативниот центар во Скопје

– На 20.11.2025 во 23:15 часот во СВР Скопје од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив била донесена 46-годишната М.И. од Скопје, која се здобила со телесна повреда околу 22:00 часот за време на концерт во Културно информативен центар во Скопје, кога врз неа од таванот паднала решетка од вентилација.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.