Skip to main content
Хроника

Среде Центар натепана 84-годишна скопјанка

17/09/2025  16:59

Од СВР Скопје информирааат дека вчера околу 14:00 часот во полиција било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ била донесена 84-годишната Е.Б. од Скопје со телесни повреди.

Во разговор со полицијата, жената изјавила дека повредите ги здобила истиот ден околу 10:00 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, каде била физички нападната од друго женско лице.

Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и откривање на напаѓачот.