Вчера среде бел ден околу 15.10 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на автобуска станица во центарот на Скопје поради недоразбирање се тепале четири лица.
„Поради недоразбирање настанала физичка пресметка помеѓу Н.Ј.(20) од Струга и Н.И.(20) од Скопје од една страна и двајца малолетници од село Јаболци, скопско, од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, се вели во полицискиот билтен.