Skip to main content
Свет

Средбата на Виткоф со Путин во Москва трае веќе три часа

02/12/2025  21:56

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на американскиот претседател Стив Виткоф, трае веќе околу три часа.

Разговорот започнал околу 19:35 часот по московско време, а за нејзино завршување засега нема официјална информација, јавува дописник на ТАСС.

Од руската страна присуствуваат помошникот на претседателот на РФ Јуриј Ушаков и специјалниот претставник за инвестициско-економска соработка со странски држави, воедно и директор на Рускиот фонд за директни инвестиции (РФПИ), Кирил Дмитриев.

Во американската делегација е и бизнисменот и инвеститор Џаред Кушнер, кој воедно е и зет на претседателот на САД Доналд Трамп.