Skip to main content
Македонија

Средба на министерот Тошковски и генералниот директор на ИЦМПД Михаел Шпинделегер

14/07/2025  15:50

Министерот за внатрешни работи денеска оствари работна средба со  генералниот директор на Меѓународниот центар за развој на миграциски политики – ИЦМПД Михаел Шпинделегер.

На средбата се разговараше за приоритетите и претстојните активности кои ги презема Министерството за внатрешни работи од аспект на справувањето со илегалната миграција и воопшто зајакнувањето на капацитетите на граничната полиција да одговори на предизвиците кои таа ги носи.

Состанокот заврши со заемно изразена желба за интензивирање и развој на соработката помеѓу Министерството и Меѓународниот центар за развој на миграциски политики.