Skip to main content
Хроника

Србин уапсен во Македонија, немал документи за возило со германски таблички

19/02/2025  15:29

Вчера попладне на граничниот премин Стење, за влез во државата, полициски службеници го привеле Х.С. од Србија затоа тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека не поседувал целосна документација за патничкото возило бмв со германски национални ознаки, кое го управувал, а било сопственост на друго лице.

При претрес во возилото биле пронајдени и одземени документи кои биле на туѓо име, а тој не поседувал оригинална сообраќајна дозвола за возилото. Тој бил предаден на Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Ресен за понатамошна постапка.